Вести

Ymerali: Почитување на правата на работникот кои произлегуваат од Договорот за работа и Законот за работни односи

На покана на утринска емисија на една од телевизиите во Албанија, ко-директорот на The Headhunter -  г-ѓа Еранда Имерали, зборуваше за некои од проблемите со кои се соочуваат и вработените и работодавачите на пазарот на труд а во насока на почитување на договрите за вработување.  

Г-ѓа Имерали, како експерт по човечки ресурси изјави дека вработените треба да посветуваат поголемо внимание на своите права и обврски кои ги имаат кон работодавачот а произлегуваат од договорот за работа.

Таа даде пример во врска со политиките во случај на потпишување на договор за вработување: „Нашата политика пред потпишување на договор за вработување е да му оставиме доволно време на идниот вработен да го разгледа и разбере договорот пред да го потпише. Затоа го оставаме 15-20 минути сам/а во некоја од канцелариите за да има доволно време да го прочита договорот и да ги разјасни сите недоумици.“

Понатаму разговорот се фокусира на прашања во врска со отпуштање на вработени поради политички причини и активизам.

“Во приватниот сектор не постојат вакви случаи или се незначителни a работниот однос е 100% регулиран со помош на Законот за работни односи. “

Во врска со договорите за работа и нивната усогласеност со Законот за работни односи, г-ѓа Имерали изјави: „Како и да е, постојат скандалозни договори за работа кои во голема мера го прекршуваат законот за работни односи. Постојат и случаи кога само еден примерок од Договорот е потпишан а не два, како што налага законот, како и многу други примери на недоследност“.

Истотака се става акцент на случаи каде вработениот го прекршува договорот за работа а не работодавачот и тоа: „Постојат вработени кои непочитувајќи одредени одредби од договорите во врска со временската рамка на занимавање со иста или слична дејност по раскинување на договорот за работа, создаваат компании со иста дејност и на тој начин го нарушуваат угледот на поранешниот работодавач. Во вакви случаи поранешниот работодавач има право да си ги бара своите права на суд и да го добие случајот.“  

И за крај, во врска со ефикасноста и начинот на работа во Албанија, запрашана дали вработените не се дволно посветени на работата, г-ѓа Имерали изјави: „На Балканот генерално постои тенденција на недоволна посветеност кон работните обврски и ова не е случај само за Албанија. Постојат случаи каде вработените работат и по 44 часа неделно но имаат ниски остварувања и недоволна ефикасност, но причините треба да се бараат и подлабоко во социјалниот и економскиот развој на земјите во регионот. Албанија оди напред и работите се подобруваат, но потребно е време. Вработените треба да разберат дека работниот однос подразбира права и обврски а не само да се чека да помине работниот ден од 8 часа и да се добие плата на крај од месецот. Работникот како и работодавачот не смеат да ја злоупотребуваат својата позиција и треба да се трудат да ги почитуваат сите права и обврски кои произлегуваат од Договорот за работа и Законот за работни односи“.