услуги

Илирјани: Регрутери кои наплатуваат од кандидати вршат криминал!

Во утринска програма на Top Channel TV, основачот на The Headhunter, Елтон Илирјани зборуваше на тема – плаќање во кеш од страна на кандидати за работа за да ја добијат бараната позиција во приватниот или јавниот сектор.

Се разбира, вакви појави има и во приватниот сектор - напомена Илирјани. Пазарот на труд е комплетно „инфициран“од вакви појави. Тоа е нелегална активност која е дури забранета и со Закон. Можам да кажам дека станува збор за кривична активност која треба да се санкционира. Во приватниот сектор постојат 13 лиценцирани компании за регрутација од кои повеќето наплатуваат за услугата од кандидатите пред или по вработувањето во одредена комапнија што се разбира е забрането со закон. За оваа услуга компаниите кои посредуваат при вработување треба да наплатат надомест од компаниите кои имаат потреба од кадри а не од оние кои бараат работа.“

Во врска со начините и износите на плаќање, Илирјани додаде:

Најчесто се плаќа во евра, потоа во леки а на крај и во долари. Клиентот плаќа од 1,5 до 3 бруто плати. Тоа значи дека ако некој профил има плата од 5000 евра ние наплаќаме и до 15,000 евра како еднократен надомест. Замислете колкав износ некој кандидат треба да плати за да ја добие посакуваната работа, што е апсолутно недозволиво. Приватните компании ги користат услугите на агенциите за посредување при вработување за селекција на соодветни кандидати но понатаму има случаи кога самите компании или регрутерите сакаат да си го наплатат надоместот од кандидатите. Кога јас почнував да градам кариера во 2004 год во Тирана, една компанија бараше од мене да потпишам договор дека доколку ја добијам работата ќе треба да им платам 0,5 бруто плата како еднократен надомест. Се разбира дека не го платив тој износ бидејќи е противзаконски.“

Илирјани го заврши своето излагање со потенцирање на еден вознемирувачки податок кој се јавува како во приватниот така и во јавниот сектор

"Плаќањата за работно место не се изразени само во пари. Има истотака и случаи во кои се нудат или бараат сексуални услуги во замена за работно место во приватна или државна компанија. Кандидатите треба да се свесни дека не треба да им плаќаат ништо на Агенциите за посредување при вработување кои се лиценцирани за таа намена. Ваквата појава може лесно да се сузбие доколку претставници од полицијата превземат чекори за справување со економскиот криминал и корупцијата генерално.“

На линкот подолу можете да го проследите целосното интервју на албански јазик.

https://www.youtube.com/watch?v=Mu3g97w9f-A