Вести

Илирјани во Белград: Вработувањето, спас за ЛГБТ заедницата

На една од активностите организирани од страна на УНДП во Белград, основачот на The Headhunter, Елтон Илирјани претстави уникатна инцијатива превземена за првпат од страна на приватна компанија од Западен Балкан. Станува збор за Индекс на Еднаквост за ЛГБТ заедницата кој оваа година за вторпат ќе се одвива во Албанија со преку 100 компании кои земаа учество, а најзаслужните ќе бидат повторно наградени од страна на The Headhunter.

За време на неговиот говор, Илирјани изјави: Луѓето од ЛГБТ заедницата не треба да се третираат како жртви, туку треба да се охрабрат да работат на своите кариери и да се движат напред.

Според Илирјани, овие луѓе се исти како и сите останати и треба да се натпреваруваат како и сите останати согласно нивните вредности и професионални достигнувања.

Според Илирјани, решението за овие луѓе е токму вработувањето, односно: Вработувањето на луѓето од ЛГБТ заедницата е единствен начин за „спас“ и сериозен чекор напред кон финансиска слобода и одбегнување на предрасудите од страна на семејството и општеството.